click to enable zoom
loading...
We didn't find any results
open map
View Roadmap Satellite Hybrid Terrain My Location Fullscreen Prev Next
Your search results

About Me

ЗА НАС

Компанијата ЗСФ КОМ, во своето долгогодишно работно искуство има успешно инвестирано, проектиранo и изведено бројни проекти од областа на архитектурата и градежништвото.

Главни карактеристики во работењето на компанијатa

  • одлична координираност и екипираност
  • добра организација при извршувањето на задачите
  • континуирана контрола за квалитетот на работење
  • индивидуален пристап на вработените кон зададените задачи
  • запазување на роковите

Високата стручна подготовка на вработените, постојаното усовршување и следење на стандардите, овозможија успешна реализација на проектите со посебни барања и високи стандарди.

Денес, користејќи ја техничко-технолошката структура, опремата со која располага, долгогодишното искуство, позитивното искуство со реномирани соработници и релевантни институции, компанијата е спремна да одговори на секое проектно барање во сите негови фази, од идеја до реализација.

ЗСФ КОМ е тим составен од професионални, вработени лица кои се стручни лица од повеќе области. Во процесот на реализација на проектите, тековно координира и менаџира високо специјализирани подизведувачи кои се долгогодишни соработници.

ЗСФ КОМ тежнее кон постојано проширување на своите активности и сопствени инвестиции и е во фаза на истражување и развој (со цел започнување на преговори во однос на воспоставување стратегии за партнерство) во следните области:

  • Термо енергетска изолација за максимално намалување на потрошувачката на електрична енергија
  • Градба на еко-објекти

ЗСФ КОМ ДООЕЛ секогаш во чекор со иновациите, новите технологии и најновите достигнувања во областа на архитектурата, градежништвото, внатрешниот дизајн и меѓународната размена. Задоволството е големо да се посетуваат значајните настани во овие области. Тука сме за Вас, како и до денес така и во иднина да ги примениме сите нови материјали и градежни иновации во процесот на современо дизајнирање и квалитетна изведба на нашите објекти.

Contact Me

Compare Listings