About Me
На 28-ми август 2002-ра година, големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица и Денот на македонските рудари, потврдениот стопанственик проф. д-р Ванчо Чифлиганец ја основа градежната компанија Адора инженеринг. Компанијата е продолжение на успешната семејна бизнис приказна Адора, од 1992-ра година, со цел да се градат и создаваат вредни дела достојни за почит, водени од мотото Само делата се вистина.
Адора инженеринг е најуспешна компанија и најголем инвеститор во високата градба, во 2015-та година, рангирана меѓу петте најбрзорастечки компании во Македонија. Овој водечки градежен бренд во регионот израсна во синоним за стабилна, квалитетна, еко градба.
За 14 години компанијата изгради 40 елитни станбено-деловни објекти во Македонија со 2.600 домови, во кои живеат над 11.000 граѓани. Почнувајќи со само двајца вработени во 2002-ра година, Адора инженеринг во 2016-та година има 400 вработени и докажан високостручен, едуциран, искусен, професионален тим.
Потврда за успехот на Адора инженеринг се четирите интернационални награди и 20-те национални признанија.
Компанијата, членка на Глобалниот Договор на ООН има богата традиција на општествена одговорност со бројни донации за граѓаните и помош за заедницата, хумани активности, грижа за вработените и купувачите, поддршка на образованието, спортот и културата, за изградба на похумано, поздраво и посреќно општество.