Overview
- Updated On:
- October 7, 2017
- 18,255.00 m2
- Year Built: 2017
Description
FLATIRON BUILDING
Инспирација – New York
Во срцето на Њујорк, на крстосницата меѓу две најпознати улици Петтата авенија и Бродвеј, во 1902-ра година е изграден облакодерот Fuller-Flatiron со совршена триаголна форма на железен чембер. Култната архитектонска икона на Менхетн, во која биле вградени 3.680 тони челик, била мотив за изградба на десеттици слични објекти во повеќе светски метрополи. Оваа зграда прерасна во траен урбан симбол и обележје на Њујорк од 1966-та, впишана е во националниот регистар на историски места во САД од 1979-та и прогласена за национално историско обележје во 1989-та година.
Облакодерот на 22 ката, дело на познатиот архитект Даниел Брнам од Чикаго, како знаменит симбол на Њујорк со ренесансна архитектура во стилот на убавата уметност е една од најпопуларните, најфотографирани и најсликани згради во светот, често дел од телевизиски реклами, документарни и играни филмови.