About Me
АКУСТИК ДОО Скопје е формирана во 2004 год. како друштво кое се занимава со продажба на големо и мало на градежни материјали. Произлезена е од монтерска фирма формирана во 1993 година, која во тој период се занимава со изведба на гипс картонски работи на референтни објекти низ Македонија како хотели, банки, станбено-деловни објекти, болници и сл. Денес АКУСТИК ДОО Скопје располага со два магацински простори во Скопје снабдени со производи како: гипскартонски плочи, профили и монтажен прибор за сува градба, изолација, фасади, лепкови и сл. Во 2010 год. од АКУСТИК се издвојува уште една трговска групација која денес ја сочинуваат два сегмента. Првиот се занимава со увоз и продажба на големо и мало на скали и скелиња, електрика и електричен алат, тркала, панели, розетни и украсни лајсни, вентилациони и фасадни системи, градинарска програма и сл. Вториот сегмент се занимава со продажба на градежна хемија: бои, лакови, молерски материјали и сл. АКУСТИК ДОО Скопје како компанија во раст, со постојани вложувања и инвестиции егзистира на македонскиот пазар како препознатливо име зад кое стојат многу задоволни клиенти. Во 2012 година започна со изградба на деловен простор за продажба и сега влегува на пазарот на изградба на станбено-деловен простор.